Култура
Министерство за култура: Исплатени се средствата за самостојните уметници, утре ќе им бидат достапни на сметките
Министерството за култура и туризам информира дека се исплатени средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година и дека во текот на утрешниот ден ќе бидат достапни на нивните сметки.
Доцнењето, како што наведува, настанало поради дополнителни усогласувања и проверки во постапката на пресметка и координација со надлежните институции, со цел исплатата да биде реализирана во согласнот со важечките законски и финансиски прописи.
-Остануваме посветени на навремено и континуирано исполнување на обврските кон самостојните уметници, како и на унапредување на системските решенија за надминување на вакви ситуации во иднина, истакнува Министерство за култура и туризам.
Претходно попладнево, самостојните уметници на Македонија испратија отворено писмо до Министерството за култура и туризам и до министерот Зоран Љутков, во врска со, како што пишува, повеќемесечното доцнење на исплатите за 2026 година.
мај 13, 2026
