Connect with us

Култура

Изложба на накит во Куќа на мирис и вкус при Музеј галеријата во Кавадарци

Изложба на накит е отворена во Куќа на мирис и вкус при Музеј галеријата во Кавадарци. Се работи за накит од Штип и Штипско. Автор на изложбата е виш кустос Бети Иванова од националната установа Завод и музеј Штип, а куратори се виш кустос Томе Крстевски и кустос Ангела Симонова, двајцата од кавадаречкиот музеј.

– Изложени се 33 експонати од накит и 13 паноа со фотографии и текст, што го појаснуваат накитот што е дел од етнолошката збирка на Штипскиот музеј. Љубителите на уметноста имаат можност да видат од какви материјали се изработувал накитот низ вековите, со какви мотиви и претстави – рече попладнево за МИА – кураторот Крстевски.

Тој истакна дека најстариот накит бил изработуван од цвеќиња што изразуваат здравје, среќа и љубов. Притоа појасни дека втората група накит е од животинско потекло, од волна, испредена, украсена и обоена во црвена боја. Има и од пердуви од разни птици, полжави, школки и слично, како украсни детали. Трето, употреба на монистри добиени од камен од природата, коски, школки, минерали и слично. Четвртата група накит е од 19. и 20. век од злато, сребро, бакар, месинг и други материјали изработени во различни техники. Со ваквиот накит се украсувале претежно девојките и жените, нивните народни носии и секое специфично време имало и специфичен накит, зависно од етничкиот предел.

– Наша цел е да го зачуваме ова културно наследство и да потсетиме дека зад секој прстен, брош или ѓердан стои човечка приказна – подвлече Крстевски.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1