Connect with us

Култура

Почна конзервацијата на фрескоживописот во црквата „Свети Константин и Елена“ во село Мокрино

НУ „Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица“ почна со реализација на проектот за конзервација на фрескоживописот во црквата „Свети Константин и Елена“ во село Мокрино, Општина Ново Село-едно од најзначајните духовни и културно-историски обележја на Струмичкиот регион, информираа од оваа установа.

Се наведува дека храмот, изграден во 1870 година, претставува вредно сведоштво за богатата духовна традиција, уметничкото творештво и културниот идентитет на овој простор.

-Неговиот фрескоживопис има особено значење во контекст на македонското црковно наследство, поради што зачувувањето и конзервацијата на живописот претставуваат приоритетна активност во насока на долгорочна заштита на културното наследство, стои во информацијата.

Инаку, за реализација на проектот се обезбедени финансиски средства во износ од над 2 милиони денари преку унгарската кредитна линија, наменети за Општина Ново Село. Носител на активностите е НУ „Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица“, а во процесот активно ќе бидат вклучени и стручни лица од Национален конзерваторски центар, со цел работите да се реализираат согласно највисоките конзерваторски стандарди и принципи

Маркетинг
Ad 1
Ad 1