Connect with us

Скопје

Казна од 20.000 евра за незаконско флање отпад во Општина Аеродром

При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче во Општина Аеродром, на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад.
Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно член 130 од Законот.
За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност.
Општина Аеродром продолжува со засилени инспекциски контроли и нема да дозволи уништување на животната средина, загадување и создавање диви депонии на територијата на општината.
Апелираме до сите граѓани и компании совесно да постапуваат со отпадот и да ги почитуваат законските прописи. За секое несовесно однесување ќе следуваат санкции.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1