Connect with us

Свет

Техеран ги предупреди САД да не ги напаѓаат иранските бродови во Персискиот Залив

Портпаролот на Комитетот за национална безбедност во Парламентот на Иран, Ебрахим Резаи, ги предупреди САД да не ги напаѓаат иранските бродови во водите на Персискиот Залив, зашто ќе се соочат „решителен одговор“.

– Нашата воздржаност завршува денес. Секој напад врз нашите бродови ќе предизвика силен и решителен ирански одговор против американските бродови и бази, рече Резаи во објава на социјалната мрежа Х.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3