Свет
Шпанските патници евакуирани од крузерот Хондиус
Шпанските државјани кои беа на крузерот Хондиус на кој се појави хантавирус, со авион денеска се пренесени во воената база во градот Торехон, во близина на Мадрид.
Тринаесет патници и еден член на екипажот на бродот, ќе бидат префрлени во воената болница „Гомез Ула“ на југозапад од шпанската престолнина, каде што ќе бидат ставени во карантин и под медицински надзор.
Шпанските власти утрово го започнаа процесот на евакуација на патниците од бродот, кој е закотвен во близина на островот Тенерифе, а здравствените службеници се качуваат на бродот за да извршат финални тестови, соопшти шпанското Министерство за здравство.
Шпанските државјани се првите што се евакурани. Тие беа транспортирани до брегот во мали чамци во групи од по пет, каде што ги чекаа автобуси и ги однесоа до локалниот аеродром.
мај 10, 2026

