Connect with us

Регион

Првото рочиште во отсуство против 21 лице за воени злосторства во Косово е закажано за 1 јули

Првото рочиште во случајот против 21 лице од српска националност, кои се обвинети  во отсуство од страна на косовското Обвинителство за воени злосторства, е закажано за 1 јули, потврди Основниот суд во Приштина.

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение на 15 август лани против група лица осомничени за присилно протерување на повеќе од 800.000 албански цивили за време на конфликтот во 1998 и 1999 година.

Обвинението ги вклучува лицата со иницијали З.П., М.Ц., Р.М., Д.А., О.С., Ж.Т., Г.Р., Б.Ј., С.И., Б.В., С.П., Н.П., К.Ј., Л.С., Б.Д., Р.С., Д.З., М.Ѓ., Л.Ц., Б.Ф. и М.К., кои се обвинети за учество во протерувањето на население од јануари до јуни 1999 година, во својство на лица со командна одговорност. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 4