Connect with us

Регион

Пукање во кафуле во Хрватска, го убил шефот на крим полиција, па пукал во себе

Во кафуле во хрватскиот град Крапина утрово се случила пукотница во која учествувале две лица, и притоа е убиен началник на Службата за криминалистичка полиција во ПУ Крапина-Загорје, јавуваат хрватските медиуми.

Полициската управа на Крапина-Загорје објави дека маж (52) убил полицаец (52) со огнено оружје, кој не бил на должност во времето на инцидентот.

Напаѓаќот потоа пукал во себе и е префрлен со хеликоптер во Клиничката болница Дубрава.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4