Connect with us

Регион

Грчкиот државјанин од крузерот со хантавирусот ќе биде пренесен во болница во Атина

Со специјален лет на авион на военото воздухопловство, грчкиот државјанин од крузерот „Хондиус“ на кој се појави хантавирусот, кој е во добра здравствена состојба и без симптоми, ќе биде префрлен во атинска болница, каде што ќе биде 45 дена во задолжителен карантин, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за здравство на Грција информираа дека планирано е во текот на денешниот ден, грчкиот државјанин првично со холандски авион да биде префрлен во Ајндховен од каде што ќе го преземе грчкиот воен авион, а потоа ќе буде хоспитализиран во Универзитетската општа болница „Атикон“, во специјално подготвена соба.

– Грчкиот државјанин е во добра здравствена состојба и е асимптоматски. Согласно предвидените безбедносни мерки, од превентивни причини, на специјалниот лет за репатријација ќе го придружуваат лекар од службата за итна помош, спасувач-болничар од службата за итна помош и претседателот на научниот совет на Националната организација за јавно здравје на Грција Теодорос Василакопулос, соопштија од Министерството за здравство.

Крузерот со 147 патници што е во центарот на епидемијата на хантавирус се закотви во пристаништето Гранадиља на Канарските Острови.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4