Connect with us

Хроника

Три лица во Гостивар лишени од слобода, полицијата им пронашла дрога, пари и пушка

Три лица се лишени од слобода, откако при направени претреси им се најдени пари и наркотична дрога и една малокалибарска пушка, информираат од СВР Тетово.

Според портпаролот Фатмир Реџепи, вчера попладне (од 14:30 до 19:00 часот) во Гостивар и гостиварско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода Е.А.(24) и Д.Ш. (24) во Гостивар и Л.Г.(20) во село Долна Бањица, гостиварско.

При преглед кај лицето Е.А. е пронајден и одземен мобилен телефон и предмети со остатоци од наркотична дрога. Врз основа на наредба од Основен суд Гостивар, полициските службеници извршиле претрес во домот и помошните простории кај Д.Ш. При претресот биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана, дигитална вага и пари во различни валути и апоени, изјави портпарлот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Претрес со судска наредба бил извршен и во домот на Л.Г. во селото Долна Бањица. При претресот биле пронајдени и одземени ќеса со марихуана и малокалибарска пушка со рамка од четири куршуми.

Тројцата се задржани во полициска станица и по документирање на случаите против нив ќе следи соодветни пријави.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3