Хроника
Приведен кичевец, при претрес пронајдени пушки и муниција
Полициски службеници од ОВР Кичево, вчера во 18:00 часот го лишиле од слобода Д.С. (65) од Кичево, по извршени претреси во неговиот дом и помошни простории.
Како што информира МВР, претресите биле спроведени со судска наредба на две локации – во Кичево и во селото Попоец, кичевско. При акцијата, полицијата пронашла и одзела две пушки и куршуми од различен калибар.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
мај 8, 2026

