Connect with us

Политика

Во духот на демократијата: СДСМ ги исклучува коментарите на ФБ

Од денеска привремено ги гасиме коментарите на официјалните профили на СДСМ на социјалните мрежи.

Покрај Орбановата медиумска мрежа која контролира 40 % од медиумскиот простор во Македонија (Петер Шац, Агнеш Адамик и компанија), против која веќе започнаа истражни дејствија од страна на унгарската полиција, а наскоро се очекува и вклучување на Европското јавно обвинителство, криминална група ВМРО користи и платформи и трол-фарми на сестринската партија СНС и Вучиќ.

Со оваа Гебелсова (фашистичка) метода – илјада пати повторена лага станува „вистина“, граѓаните повеќе не можат да ја разликуваат лагата од вистината.

Европа повеќе не може да трпи ваква системска манипулација, а особено не може да трпат Македонија и нејзините граѓани.

СДСМ започнува отворена борба за вистината против оваа фабрика за лаги.

Најавуваме поднесување кривична пријава против директорите, уредниците и сопствениците на орбановата Алфа ТВ.

Ова ќе биде втора кривична пријава против нив – првата беше за перење пари.

Наскоро граѓаните ќе го видат овој криминално-медиумски октопод во вистинско светло.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

Маркетинг
Ad 2
Ad 1