Connect with us

Свет

Шпанската полиција заплени рекордни 30 тони кокаин на товарен брод

Шпанската полиција заплени рекордни 30 тони кокаин што биле транспортирани со товарен брод во близина на бреговите на Африка, соопштија вчера судските власти, јави ДПА.

Шпанските власти нагласија дека ова е најголемата поединечна пратка наркотици запленета некогаш во светот. Операцијата за пресретнување на бродот е спроведена во соработка со американските власти и со холандската полиција.

Вредноста на запленетата дрога изнесува над 812 милиони евра, соопштија судските власти на шпанските Канарски Острови. Судија на Канарските Острови веќе им одреди мерка притвор на сите 23 членови на екипажот на бродот што го превезувал кокаинот

Маркетинг
Ad 1
Ad 4