Свет
Техеран тврди дека им нанел значителна штета на американски пловни објекти по нападот врз танкер
Американски военоморски единици, кои дејствуваат во реонот на Ормуската Теснина, се нашле под ирански ракетен оган откако САД нападнаа ирански нафтен танкер, објави иранската државна радиотелевизија.
Иранските медиуми пренесуваат дека американските воени пловни објекти биле принудени да се повлечат откако претрпеле значителни штети при иранските ракетни удари. Засега не е јасно кога точно се случил инцидентот.
Пентагон сè уште не ја коментирал оваа информација, но во средата американските вооружени сили соопштија дека запреле нафтен танкер под иранско знаме кој пловел кон иранско пристаниште.
Централниот штаб на иранските вооружени сили соопшти дека САД го прекршиле примирјето со напад врз ирански нафтен танкер и врз друг брод кој навлегувал во Ормуската Теснина.
– Истовремено, со помош на некои земји од регионот, тие извршија воздушни напади врз цивилни подрачја долж бреговите на Бандар Хамир, Сирик и островот Кешм – се наведува во соопштението на Централниот штаб.
мај 8, 2026

