Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со златната виза во џебот потврди дека е спремен да го надмине Заев во предавствата само поради власт

Венко Филипче е спремен на се и сешто само да дојде на власт.

Филипче е нервозен и во паника, но да не се грижи и да не ги потценува граѓаните, на сите им јасно дека Филипче е само континуитет на предавничките и штетни политики за државата на Зоран Заев.

Токму затоа со Филипче СДС е маргинална партија, а на следните избори ќе исчезнат од политичкиот спектар.

Од што е толку исплашен Филипче па оди на карта се или ништо?

Венко Филипче потврди дека е спремен да го надмине Заев во предавствата, Филипче кажа дека доколку дојде на власт прва работа што ќе направи се уставни измени.

Филипче нема црвени линии и нема концепт и стратегија. Филипче само ја потврди неговата сервилност и спремност за уставни измени веднаш, без услови и без гаранции дека тоа ќе биде последната пречка за државата.

На Македонија и се потребни политичари кои имаат план, стратегија и визија за државата и кои ги штитат државните интереси, СДС и Венко Филипче не го нудат тоа.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3