Connect with us

Свет

Штајнмаер: Американските војници во Германија, исто така, се во интерес и на САД

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер очекува САД да одржат воено присуство во Германија, и покрај најавеното повлекување на неколку илјади војници јави денеска ДПА.

Тој во Хелсинки изјави дека верува оти САД разбираат оти стационирањето војници во Германија на клучни локации како што е базата „Рамштајн“, исто така, е во нивен стратешки интерес. 

„Ние веруваме и се потпираме на тоа“, рече тој.

На заедничката прес-конференција со Штајнмаер, финскиот претседател Александар Стуб изрази убедување дека САД ќе продолжат да им помагаат на своите европски сојузници во случај на руска агресија, пренесе германската агенција. 

„Верувам дека безбедносните гаранции на САД важат и ќе продолжат да важат“, рече Стуб.

Руското нуклеарно оружје стационирано на 100 километри од финската граница всушност не е насочено кон Хелсинки, Стокхолм или Осло, туку кон Вашингтон и Њујорк, додаде тој.

Штајнмаер ги повика Европејците да останат смирени пред постојаниот прилив на нови изјави и најави од американскиот претседател Доналд Трамп.

Стуб го поздрави појавувањето на Германија како водечка политичка и воена сила во Европа по руската инвазија на Украина во 2022 година.

„Ова е во интерес на цела Европа. Посилна Германија значи посилна Европа. Тоа што Германија сега го прави за својата одбрана не е само во интерес на Германија, туку и во интерес на европската безбедност како целина, додаде тој, пренесе ДПА

Маркетинг
Ad 4
Ad 3