Connect with us

Свет

Зеленски: Русија не го почитува нашиот предлог за прекин на огнот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија сè уште го игнорира примирјето предложено од Киев, додавајќи дека Украина ќе продолжи со нападите со долг дострел доколку Русија продолжи со нападите.

Зеленски предложи прекин на огнот што почнува на 6 мај, како одговор на предлогот на рускиот лидер Владимир Путин за прекин на огнот од 8 до 9 мај, додека Москва ја одбележува победата во Втората светска војна.

Москва не потврди дека ќе се придржува до предлогот на Киев.

„Треба да воспоставиме мир, а не да одиме по светските престолнини и да молиме за пауза на 9 мај. Ни треба мир“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател денеска изјави дека од почетокот на денот, руските сили вршат напади врз Украина со беспилотни летала, ракети и гранати, како и напади со краток дострел по линијата на фронтот.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, вчера изјави дека Русија ги предупредила дипломатските мисии да го напуштат Киев во случај на можен масовен напад од страна на Москва како одговор на украинските обиди да го попречат Денот на победата.

„Овие јавни закани за напад се дел од неодговорните тактики на ескалација на Русија“, изјави Анвар Ел-Ануни, портпарол на канцеларијата за надворешна политика на Европската унија.

Европската унија „нема да ја промени својата позиција или своето присуство“ во Киев, потврди портпаролот денеска, и покрај заканите од Русија.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека нивните единици вчера до 18 часот по локлано време собориле 92 од 102 лансирани беспилотни летала. Русија, пак, денеска соопшти дека нејзината воздушна одбрана од почетокот на денот уништила 32 беспилотни летала што се движеле кон Москва.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1