Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДС манипулира со инфлацијата, фактите покажуваат дека нашите економски политики даваат резултати

Очигледно е дека СДС повторно се обидува да ја манипулира јавноста преку селективно користење на статистики и ширење паника, свесно премолчувајќи го контекстот и причините за сезонските разлики во цените, притоа заборавајќи дека токму тие ја донесоа државата до економски колапс, рекордна инфлација и целосно урнат животен стандард.

Кога СДС зборува за инфлација, треба да се потсетат дека во нивно време инфлацијата достигна двоцифрени нивоа, а граѓаните плаќаа најскапа храна и струја во историјата, односно граѓаните живееја со 150 денари на ден. Денес, инфлацијата постепено се стабилизира во услови на глобална економска криза, енергетски шокови и последици од војната во Европа, со кои се соочуваат сите држави.

Факт е дека инфлацијата во април споредено со март изнесува 1,3%, што покажува стабилизирање на цените и постепено смирување на инфлаторните притисоци. Она што го премолчуваат СДС е тоа дека  годишната стапка од 5,7% е резултат и на споредбената основа, бидејќи минатата година во овој период беа активни мерките за велигденската кошничка, кои привремено ги намалија цените на одредени производи.

ВМРО-ДПМНЕ навремено презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните, а тие мерки беа позитивно оценети и поздравени од ММФ како одговорни и насочени кон стабилизација на економијата.
Дополнително, Владата ги намали акцизите на горивата, со што бензинот е поевтин за 2 денари, а дизелот за 4 денари, директно намалувајќи го притисокот врз трошоците на граѓаните и компаниите.

За разлика од СДС, кои оставаа кризи без решенија и ја туркаа државата во долгови без ефект, ВМРО-ДПМНЕ работи одговорно, домаќински и со конкретни политики за економска стабилност и поддршка на граѓаните.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3