Connect with us

Свет

Рубио се сретна со папата Лав XIV

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денеска во Ватикан беше на долгоочекуваната аудиенција со папата Лав XIV.

Рубио во Ватикан се сретна и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин.

Посетата на Рубио на Ватикан е претставена како обид за подобрување на односите по критиките на американскиот претседател Доналд Трамп кон папата Лав XIV. Трамп го нападна папата поради неговиот став против војната со Иран.

Предвидено е денеска Рубио да се сретне и со италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, и министерот за одбрана, Гвидо Кросето, а утре со италијанската премиерка Џорџа Мелони. 

Во соопштението од Стејт департментот се наведува дека Рубио и папата разговарале за „ситуацијата на Блискиот Исток и теми од заеднички интерес на Западната хемисфера“.

– Средбата ја потврди силната врска помеѓу САД и Светата столица и нивната заедничка посветеност на промовирање на мирот и човечкото достоинство – изјави портпаролот на Стејт департментот. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 4