Connect with us

Општини

Министерството за спорт партнер во глобалната Unified кампања

Министерството за спорт ја поддржаа иницијативата на Специјална Олимпијада Македонија за воведување на Unified спортски активности во училиштата во Македонија и активно ќе се вклучи во нејзината реализација заедно со другите надлежни министерства. Станува збор за глобална кампања која преку спортот испраќа порака за еднаквост, прифаќање и инклузија.

Претставници и атлети на Специјална Олимпијада Македонија заедно со делегацијата на Специјална Олимпијада Европа – Евроазија (SOEE) предводена од претседателот Свен Албрехт вчера во Владата имаа средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за спорт Борко Ристовски, а денеска беа гости и во Министерството за спорт.

На средбата министерот Ристовски истакна дека Министерството за спорт секогаш ќе стои зад ваквите иницијативи со единствена заложба – спортот да биде достапен за сите, без исклучок.

-Разговаравме за една исклучително важна иницијатива – воведување на Unified спортски активности во училиштата, со кои заедно ќе спортуваат ученици со и без попреченост. Оваа глобална кампања преку спортот испраќа силна порака за еднаквост, прифаќање и инклузија. Особено ме радува што оваа иницијатива доби целосна поддршка од Владата и што Македонија ќе биде дел од овие активности кои менуваат животи. Овие атлети, овие храбри луѓе, испраќаат порака што треба да ја слушне целото општество – различностите не треба да делат, туку да зближуваат, а ние треба да градиме солидарно општество и систем во кој секое дете ќе има еднакви шанси да биде прифатено, да има активен живот и да спортува без ограничувања  – истакна Ристовски.

Специјална Олимпијада Македонија вчера во Скопје го организираше настанот „Спортуваме заедно“ со различни спортски активности за различни целни групи во кој беа вклучени и Unified спортски активности и дружење со атлетите со цел да се одбележи и да се потикне инклузијата.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4