Connect with us

Регион

Вучиќ презентираше план од пет точки за Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави програмски текст во кој презентира план од пет точки за Србија потенцирајќи дека е потребно да се донесат смели и важни одлуки во наредниот период. Во авторски текст за „Курир“, Вучиќ наведува дека менувајќи се себеси, ја менуваме иднината, која, како што вели, е одредена од работата и од промената на навиките и однесувањето.

Тој нагласува дека на Србија и се потребни решителни и сериозни реформи во наредниот период:

1 – Драстично намалување на бројот на членови на Владата, државни секретари, помошници министри, како и нивниот апарат. Порешително и посилно отколку пред 12 години, потребно е да се укинат бројни агенции, канцеларии и управи што служат што немаат суштинска причина за свое постоење. Исто така, потребно е да се пристапи кон дополнителна дерегулација.

2 – Зголемување на продуктивноста и повеќе работа и посветеност. Ќе мора да работиме понапорно, а не помалку…Ќе почнам од себе и ќе покажам дека е можно, а ќе ги замолам и сите други да го сторат истото. Германија, како мотор на Европа, за да ја издржи индустриско-технолошката конкуренција со Кина и Америка, ќе ги зголеми работните часови и денови. Србија не смее и не може да прифати неодговорни идеи за скратување на работното време.

3 – Храбра и моќна промена на целиот образовен систем на Србија…Подготовката на младите за пазарот на трудот е од клучно значење.

4 – Сеопфатен пристап кон решавање на сите енергетски прашања и проблеми, вклучително и користењето на нуклеарната енергија. 

5 – Агресивно усвојување знаење и негова примена во роботиката, вештачката интелигенција и современите технологии. Понатамошно купување суперкомпјутери и изградбата на центри за податоци не смеат да бидат прекинати поради недостиг на електрична енергија.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3