Connect with us

Регион

Мицотакис: За Ормуската Теснина треба да се вратиме на претходното статус кво

Во однос на Ормуската Теснина сакаме да бидеме многу јасни: треба да се вратиме на претходното статус кво. Силни поддржувачи сме на заштитата на принципот на слободата на пловидба. Тоа го покажавме и како непостојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации и верувам дека ова е област што претставува заеднички приоритет за сите наши земји, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Самитот Грција-Кипар- Јордан во Аман, јави дописничката на МИА од Атина.

Во неговото воведно обраќање на петтиот трилатерален самит, Мицотакис нагласи дека актуелната криза во моментов отвора сериозни предизвици, не само за регионалниот мир и безбедност, туку има и пошироки, длабоки последици што се протегаат далеку од регионот и секако влијаат врз економиите.

– Сметам дека, во овој контекст, оваа трилатерална средба испраќа многу јасна и актуелна порака. Тоа е порака на пријателство, порака на соработка и порака на непоколеблива посветеност кон меѓународното право и мирниот соживот, рече Мицотакис.

Посочи дека Јордан игра клучна улога како столб на стабилноста во регионот, а Кипар и Грција функционираат како „природен мост меѓу Јордан, Блискиот исток, земјите од Заливот и Европската Унија“.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4