Connect with us

Култура

Завод и Музеј-Битола номиниран за меѓународната награда „Жива“

Националната установа Завод и Музеј-Битола е номинирана за меѓународната награда „Жива“ што се доделува во рамки на Форумот за словенски култури.

Номинацијата е потврдена по посетата на членот на жири комисијата, Роберт Зидел, директор на Музејот на фабриката Видел во Варшава, информираа од НУ Завод и Музеј-Битола.

-Гостинот од Варшава ги посети постојаната поставка на музејот, Спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк, Спомен собата на Кирил Македонски, Магазата, Јени џамија, Хераклеа, црквата св. Ѓорги во Курбиново и Спомен музејот на Татарчеви во Ресен. На средбата беше разговарано за комплексноста на нашата институција, за работата во музејската дејност и заштитата на  спомениците на култура, соопштија од таа национална установа. 

Директорката на НУ Завод и Музеј-Битола, Маргарета Спасов со соработничките Наде Геневска Брачиќ, Билјана Стефановска и Билјана Ѓоргиевска, високиот гостин и член на жирито на Форум на словенски култури, Зидел го информираа и за други активности на Музејот, едукативни проекти, проектите за инклузија и пристапност, посетеноста на музејот и посветеноста на институцијата кон  различни целни групи. 

Доделувањето на наградите се врши на 30 септември во Блед, Словенија.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1