Connect with us

Култура

Во македонскиот КИЦ во Тирана одбележан Денот на македонскиот јазик

Во организација на македонската амбасада и Културно-информативниот центар, во Тирана беше одржана пригодна свеченост по повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик. 

-Вршителката на работите во Амбасадата, Радмила Стојмировска истакна дека оваа година се одбележуваат 81 година од усвојувањето на македонската азбука и го потенцираше значењето на јазикот како столб на нашиот национален идентитет, кој ја обединува заедницата и го чува богатството на македонската култура и литература, објави македонската амбасада. 

Стојмировска ја нагласи и важноста на македонскиот јазик за македонското национално малцинство во Албанија, како и активностите на Амбасадата за негово изучување, вклучувајќи онлајн курсеви за деца и возрасни и иницијатива за воведување на македонскиот јазик како наставен предмет на Факултетот за странски јазици во Тирана.

На настанот се обратија и директорката на Културно-информативниот центар, Ема Потевска-Попивода и лекторката по македонски јазик на Факултетот за странски јазици, Верица Мукоска.

Студентите кои го изучуваат македонскиот јазик го збогатија настанот со поезија од Блаже Конески и Петре М. Андреевски, потсетувајќи дека јазикот се сака и се учи со срце. 

На одбележувањето присуствуваше и претседателката на Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“, Елена Симонофски, која вели дека македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку е дел од нас, од нашата историја и нашето постоење.

-Настан исполнет со емоции, гордост и љубов кон нашиот јазик, каде што заедно со многу Македонци и пријатели на нашата земја ја почувствувавме силата на зборот, традицијата и идентитетот што нè поврзува. Особено ме радува што младите, преку поезијата и уметноста, го негуваат македонскиот јазик и го пренесуваат понатаму. Горда сум што што бев дел од овој значаен настан, рече Симонофска.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3