Connect with us

Свет

Русија почна со пробни лансирања ракети со нуклеарни бојни глави

На полигонот Кура, во рускиот далекоисточен регион Камчатка, денеска почнаа да се изведуваат ракетни тестирања на нуклеарните капацитети – јави „Анадолија“.

Вежбите ќе траат до 10 мај, објави регионалната влада.

На жителите им е забрането да влегуваат во областа.

Регионалните власти ги повикаа жителите строго да ги почитуваат безбедносните мерки и да не го посетуваат полигонот за обука или околните области за време на вежбите.

„Присуството и движењето луѓе и каква било опрема се забранети“, се наведува во соопштението за медиумите.

Пробниот полигон Кура е еден од клучните објекти под управување на Руските воздухопловни сили. Се наоѓа речиси 500 километри северно од Петропавловск-Камчатски, во мочурлива област покрај реката Озернаја.

Објектот се користи за вежби со гаѓање ракетни цели и тестирање разни видови ракетно оружје.

Уште од советската ера со децении полигонот служи како локација за прифат на бојни глави од интерконтинентални балистички ракети лансирани од други полигони, вклучувајќи ги космодромот Плесецк и полигонот Капустин Јар.

Вежбите на полигонот Кура се одржуваат редовно, обично неколкупати годишно. Тие може да вклучуваат планирани тестирања нови ракетни системи, како и обука за борбени лансирања, што ги спроведува персоналот на Стратешките ракетни сили на Русија. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 3