Connect with us

Свет

Пукање во училиште во Бразил: двајца загинати, приведено 13-годишно момче

Двајца вработени се убиени во пукање во училиште во западниот дел на Бразил, додека две лица, меѓу кои и еден ученик, се пренесени во болница со повреди, соопштија регионалните власти, пренесува ДПА.

Владата на сојузната држава Акре соопшти дека 13-годишно момче го признало делото и е приведено заедно со неговиот законски старател, кој е сопственик на огненото оружје употребено во нападот.

Според порталот „Г1“, кој се повикува на изјави на сведоци, пукањето се случило за време на попладневната настава. Учениците во паника се фрлале на подот и се обидувале да се заштитат поставувајќи барикади од столчиња.

Надлежните соопштија дека точните околности и мотивот за нападот сè уште се истражуваат.

Наставата во сите државни училишта во сојузната држава Акре е прекината во наредните три дена.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3