Connect with us

Политика

Манасиевски: Филипче е спремен да ги продолжи предавствата на Заев за да ја задржи фотелјата на Бихаќка

Венко Филипче верно го следи Зоран Заев и неговите политики.

Венко Филипче е третиот во низата по Зоран Заев и Димитар Ковачевски, кој е спремен да ги продолжи предавничките политики уште веднаш.

Филипче ќе направи се за да ја задржи фотелјата на Бихаќка.

Пред два дена, на 123 годишнината од смртта  на Гоце Делчев, од пред неговиот гроб, Венко Филипче изјави дека Бугарија не го негирала идентитетот на Македонија.

Тоа е истата онаа Бугарија каде официјални лица говореа дека македонскиот јазик е создаден во 1945 година и е изменета верзија на бугарскиот јазик, додека пак Гоце Делчев е бугарски револуционер.

Оттука, јасно е дека на Филипче и на СДС не им се важни македонските национални интереси, македонскиот идентитет, ниту пак темелите на македонската државност.

Тие стојат на ставот дека доколку би била нивна одлуката, веднаш би ги потпишале уставните измени, без никаква гаранција за Македонија на евроинтегративниот пат.

Да потсетиме, погрешните политики на СДС како Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство, Францускиот предлог, се целосна вина на СДС за што сега Македонија се наоѓа во позиција да биде уценувана и блокирана од Бугарија на патот кон ЕУ.

Со вакви изјави, Филипче не само што се потценува самиот, туку ја потценува и свеста на граѓаните за сериозноста на идентитетските прашања.

Почитувани граѓани,

Владеењето на СДС, направи ненадоместлива штета на Македонија, со што земјата ја доведе да биде мета на идни билатерални спорови.

Венко Филипче е само бледа копија на Зоран Заев, а со неговите изјави секој ден се повеќе потврдува и дека ќе го надмине Зоран Заев.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1