Connect with us

Свет

САД одобрија продажба на оружје за Украина во вредност од 373 милиони долари

Соединетите Американски Држави одобрија потенцијална продажба на оружје за Украина во вредност од 373,6 милиони долари (319,5 милиони евра), која вклучува комплети за бомби со ГПС-наведување, соопшти Стејт департментот, пренесува Анадолија.

Во соопштението се наведува дека е одобрена продажбата на комплети „JDAM-ER“ (Joint Direct Attack Munition – Extended Range) и придружна опрема за Киев, во рамките на програмата за странски воени продажби (Foreign Military Sales).

Пакетот опфаќа 1.200 опашни комплети „KMU-572 JDAM“ и 332 опашни комплети „KMU-556 JDAM“, како и системи за детонација, резервни делови, логистичка поддршка и техничка документација.

„Предложената продажба ќе ги поддржи надворешнополитичките и безбедносните цели на Соединетите Американски Држави преку зајакнување на безбедноста на партнерска земја, која претставува фактор за политичка стабилност и економски напредок во Европа“, се додава во соопштението.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3