Свет
Гамалеја: Не постојат контраиндикации за употреба на вакцината против рак кај постарите лица
Вакцината против рак „Neo-Onkovak“ нема контраиндикации за постарите лица, изјави научниот директор на рускиот Национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинцбург.
– Тука апсолутно нема контраиндикации – истакна Гинцбург.
На 1 април, првиот пациент во Русија прими персонализирана вакцина против рак.
Персонализираната mRNK вакцина против меланом, „Neo-Onkovak“, е произведена од Националниот медицински истражувачки центар за радиологија на руското Министерство за здравство, а е развиена заедно со Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ и Националниот медицински истражувачки центар за онкологија „Блохин“.
Лекот е наменет за лекување на возрасни пациенти со неоперабилен или метастатски меланом.
мај 6, 2026

