Connect with us

Свет

Додик најави средба со Путин во Москва

Лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, најави дека за време на претстојната посета на Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, со кого ќе разговара за односите меѓу Република Српска и Русија.

Додик изјави дека односите со Русија се на ниво на стратешко партнерство, додавајќи дека Република Српска сака и Русија и Соединетите Американски Држави да имаат економски активности во овој ентитет на Босна и Херцеговина.

Тој наведе дека за време на неодамнешната посета на САД добил признание од Универзитетот „Џадсон“, кое, како што му било објаснето, му е доделено поради „следење на јавните извештаи и препознавање на неговата борба против неправедните санкции“. Додик најави дека ставовите што ги изнел во САД ќе ги повтори и во Москва.

Тој оцени дека соработката со актуелната американска администрација е „значително полесна“ отколку со претходните, за кои рече дека имале „негативен и непријателски пристап“ кон Република Српска. Според него, претходните администрации се обидувале да ја централизираат Босна и Херцеговина, при што како најзначајно прашање го посочи правосудството.

Додик изјави дека надлежностите во правосудството биле „одземени од Република Српска и пренесени на ниво на Сараево“. Тој додаде дека „Бошњаците го користат правосудството како инструмент за дисциплинирање и укинување на Република Српска“, изнесувајќи критики за судските постапки поврзани со одредени личности.

Додик оцени дека процесите во БиХ во изминатите три децении се насочени кон „одземање на надлежностите“ од Република Српска.

– Тоа не може да опстане. Може да трае извесно време, но кога ќе се укаже можност, народот ќе даде отпор – изјави Додик. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 1