Connect with us

Свет

Трошоците на ЕУ од „најтешката енергетска криза досега“ надминаа 30 милијарди евра

Еврокомесарот за енергетика Дан Јоргенсен предупреди на зголемените енергетски трошоци за блокот предизвикани од војната во Иран и последователната блокада на Ормуската Теснина.

– Од избувнувањето на конфликтот на Блискиот Исток, земјите-членки на Европската Унија веќе потрошија над 30 милијарди евра (35 милијарди долари) повеќе за увоз на фосилни горива без да добијат никаква дополнителна набавка – изјави Јоргенсен денеска во Брисел.

– Светот се соочува со она што е веројатно најтешката енергетска криза досега, криза која ја тестира отпорноста на нашите економии, нашите општества и нашите партнерства – нагласи тој.

Приближно една петтина од нафтата и течниот гас со кои се тргува во светот поминуваат низ Ормуската Теснина, пренесува ДПА.

Од почетокот на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, Техеран преку закани и напади практично ја запре пловидбата низ оваа тесна точка, додека Вашингтон воведе поморска блокада за бродовите кои влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа.

Покрај тоа, капацитетите за производство на енергија во неколку земји од Заливот беа оштетени од иранските напади во изминатите месеци.

Јоргенсен предупреди на долгорочните последици од штетите, велејќи дека за санирање на производството на гас во регионот „веројатно ќе бидат потребни дури и години“, додека се очекува производството на нафта да закрепне побрзо.

Еврокомесарот рече дека блокот се подготвува за потенцијални проблеми со снабдувањето со гориво. „Сè уште не сме стигнати до таму, но може да се случи, особено со горивото за авиони“, рече тој.

Се очекува Европската комисија да им претстави насоки на авиокомпаниите подоцна оваа недела.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2