Свет
Русија протера естонски дипломат

Русија денеска протера естонски дипломат, како реципрочна мерка за протерувањето на руски дипломат од Талин, обвинет поради „мешање“ во внатрешните работи.
– Ниту една непријателска акција на Tалин нема да остане без одговор, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Естонија на 13 август протера еден руски дипломат поради „директно и активно“ мешање во загрозување на уставниот поредок и правниот систем на земјата, како и за „поделба на естонското општество“.
Тензиите помеѓу двете поранешни советски републики се зголемија по руската офанзива врз Украина. Русија од февруари 2023 година нема амбасадор во Талин, откако Естонија.
септември 5, 2025