Connect with us

Технологија

Астон Мартин оствари загуба од 67 милиони евра

Британскиот производител на луксузни автомобили Астон Мартин соопшти дека во првиот квартал од 2026 година забележал загуба од 56,9 милиони фунти (67 милиони евра), што претставува мало подобрување во однос со загубата од околу 76 милиони евра (64,5 милиони фунти) во истиот период минатата година.

„Кварталната продажба е намалена за 939 возила, при што е регистриран голем пад на пазарот во Обединетото Кралство, додека истовремено е забележан раст од 11 отсто на американскиот пазар“, соопштија британските медиуми.

Раководството на компанијата се обидува да го стабилизира работењето преку процес на реструктурирање кое вклучува планирано укинување на до 600 работни места, или околу 20 отсто од вкупниот број вработени во компанијата. Главен двигател за закрепнувањето треба да биде новиот модел Астон Мартин Валхала („Aston Martin Valhalla“) – плаг-ин хибриден суперавтомобил чија почетна цена изнесува околу 850.000 фунти (приближно еден милион евра), со план за испорака на околу 500 возила во текот на годината.

Според Ејдријан Холмарк, главниот извршен директор на компанијата, најновите податоци потврдуваат дека се на добар пат да постигнат значително финансиско подобрување во текот на годината. Меѓу другото, од компанијата наведоа дека обезбедиле ново финансирање во износ од 50 милиони фунти (59 милиони евра) преку инвестициски фонд предводен од милијардерот Лоренс Строл. Според Халмарк, понатамошно финансиско подобрување се очекува до крајот на 2026, благодарение на проширувањето на понудата на модели, продолжувањето на испораките на Астон Мартин Валхала по позитивните рецензии, како и строгата контрола на трошоците.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4