Connect with us

Свет

Бројот на жртви во несреќата на фуникулар во Лисабон достигна 17 лица

Бројот на загинатите при вчерашниот инцидент со фуникулар во Лисабон достигна 17, соопштија денеска службите за заштита и спасување.

Двајца од повредените починале ноќеска во болница, изјави пред новинарите Мархарида Кастро Мартинш, раководителка на Службата за цивилна заштита на Лисабон. Со ова бројот на повредени изнесува 21 лице.

Мартинш не ги откри имињата и националноста на загинатите, наведувајќи дека прво ќе бидат известени нивните семејства.

Меѓу 21-те повредени има и многу странски државјани кои биле во популарниот фуникулар, кој е омилен кај туристите, додаде Мартинш.

Спасувачките служби соопштија дека меѓу повредените се најмалку 11 странци: двајца од Германија, двајца од Шпанија, по еден од Франција, Италија, Швајцарија, Канада, Мароко, Јужна Кореја и Кабо Верде.