Сервисни информации
Во среда посебен сообраќаен режим во Скопје
Претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелен, в среда (29 април) ќе престојува во официјална посета на државата поради што во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај – соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на град Скопје.
Од МВР апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.
април 27, 2026

