Connect with us

Сервисни информации

Отстранети 95 непрописно паркирани возила во Центар за една недела

ЈП Паркинзи на Општина Центар информира дека во периодот од 19 до 26 април 2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“, биле отстранети вкупно 95 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар.

Како што соопштуваат од претпријатието, возилата биле санкционирани поради тоа што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. 

-За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, потенцираат од ЈП ПОЦ.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2