Connect with us

Регион

Студенти на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Белград почнаа со блокада на деканатот

Студентите на Медицинскиот факултет во Белград попладнево објавија дека почнуваат со блокада на Деканатот на таа институција, поради неисполнети барања за усвојување жалба за резултатите од изборите за Студентскиот парламент. Во кругот на Деканатот е присутна и полицијата.

Според белградски медиуми, студентите на Медицинскиот факултет од групата Синапса биле на состанок со деканот, по што одлучиле да го блокираат Деканатот, бидејќи нивните барања не се исполнети – поништување на изборот и промена на изборната комисија.

Студентите во блокадата, собрани околу листата Синапса, се собраа со граѓани пред зградата на Деканатот, за да ја чекаат одлуката по жалбата што ја поднесоа вчера до изборната комисија, поради прелиминарните резултати од изборите за студентскиот парламент.

Студентите бараа сите жолти гласачки ливчиња да бидат прогласени за неважечки и листата на Синапса да биде прогласен за победник. Тие исто така побараа „комисијата да поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство против непознати лица за извршени измами, што се казниви според Кривичниот законик“.

Членовите на листата Синапса тврдат дека победата на листата „Медицински круг“ е прогласена со 200 неправилни гласачки ливчиња.

Минатата недела, по одржувањето на изборите за Студентскиот парламент на Медицинскиот факултет, полицијата интервенираше пред зградата на таа институција. Еден ден подоцна, на 17 април, просветната инспекција изврши вонреден инспекциски надзор поврзан со законитоста на работата на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Белград, особено во делот на распишување и спроведување избори за Студентскиот парламент. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 2