Connect with us

Скопје

Реконструирани се терените за фудбал и кошарка, поставена е нова урбана опрема, трибини и ограда на кејот на Вардар

Обновените спортски терени на кејот на Вардар, на потегот кај Маџир Маало, денеска беа пуштени повторно во употреба. Реконструирани се терените за фудбал и кошарка, поставена е нова урбана опрема, трибини и ограда.

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓоргиевски и министерот за спорт Борко Ристовски ги посетија обновените терени, а Ѓоргиевски на својот профил на Фејсбук пишува дека тоа се места кои повторно се враќаат на граѓаните како центар на рекреацијата, спортот и дружење.

– Кејот на Вардар е еден од моите клучни приоритети. Уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник, започнавме со темелно чистење и уредување, со цел реката повторно да тече во своето природно, достоинствено корито, а просторот околу неа да стане вистинска урбана вредност. Денес, овој дел од градот добива нова димензија – функционален, модерен и динамичен јавен простор, отворен за сите генерации – посочува градоначалникот на Скопје.

Инвестирањето во спортот значи инвестирање во иднината, во здрави млади генерации, во дисциплина, дух на победа и во силно општество, вели Ѓоргиевски заблагодарувајќи му се на Ристовски за поддршката и партнерскиот пристап.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2