Connect with us

Скопје

Продолжува реконструкцијата на улиците во Општина Бутел – во тек работи во Радишани

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција на улици во Радишани.

Од општината информираат дека локалната самоуправа активно работи на подобрување на патната инфраструктура во сите населени места. Во рамки на тековниот инвестициски циклус, се реконструираат и асфалтираат вкупно 70 улици, за што се издвоени околу 150 милиони денари.

Проектите, како што велат од Општината, се насочени кон унапредување на сообраќајот и зголемување на безбедноста на граѓаните, како и кон подобрување на секојдневното функционирање на локалната заедница.

Градоначалникот Костовски истакна дека Општина Бутел останува посветена на создавање услови за рамномерен развој на сите населени места, преку континуирани инвестиции во инфраструктурата. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 4