Connect with us

Сервисни информации

Бесплатно паркирање во општина Центар за велигденските празници

Паркирањето во Општина Центар за време на велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани.

Утре, в недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

Исклучок од ова се затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“, каде што наплатата ќе се одвива согласно со редовниот режим.

Согласно со програмата за неработни денови за 2026 година, 11.04.2026 година (сабота) е работен ден и следствено на тоа, паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе работат со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 14.04.2026 година (вторник) со вообичаено работно време.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1