Connect with us

Регион

Универзитетот во Белград бара политичка одговорност за двајца министри поради нивни изјави

Ректорскиот колегиум и деканите на факултетите на Универзитетот во Белград денеска побараа од премиерот Ѓуро Мацут политичка одговорност за министерот за јавни инвестиции Дарко Глишиќ и министерот за информации Борис Братина, но и да се изјаснат за нивните изјави кои, како што наведоа, ги надминуваат границите на законот, моралот и човечноста и поттикнуваат насилство.

Глишиќ рече „не ги праќајте вашите деца во блокадерски факултети, ќе ви ги вратат во ковчези“, додека Братина рече дека младите луѓе не се свесни дека „полицијата има право да тепа и убива“, потсети академската заедница на Универзитетот во Белград во соопштение на Инстаграм. Тие додаваат дека се длабоко потресени и згрозени од „монструозните изјави“ на министрите.

„Додека успешните и одговорни држави ги поддржуваат и негуваат своите најуспешни универзитети, нашата, од причини што ни се познати, се однесува кон неа како кон непријател“.

Од Мацут бараат како премиер, но и како професор на Универзитетот во Белград, веднаш да се изјасни за тие изјави и, доколку ги осуди, да преземе соодветни мерки и да ја информира јавноста за тоа.

„Универзитетот во Белград апелира до совеста, честа и интегритетот на сите членови на академската заедница и ги повикува јавно да го осудат секој говор на омраза и насилство, да испраќаат пораки за одговорност и пристојност и да ги бранат човековите права, граѓанските и академските слободи со своите постапки“, се вели во соопштението.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2