Connect with us

Фудбал

Селекторот на Италија го откажа тренингот во Зеница

Италијанската фудбалска репрезентација во вторник (31.март) против Босна и Херцеговина игра еден од најважните дуели за нив во последните години, откако „азурите“ не учествуваа на последните две Светски првенства. Проблем за Италија направи и лошото време во БиХ и снегот кој падна во Зеница каде треба да се игра натпреварот.

Селекторот на Италија Џенаро Гатузо се реши за промена на планот и по инспекцијата на луѓе од италијанската федерација на теренот на стадионот „Биљино поле“ го откажа планираниот тренинг ден пред натпреварот. Италијанските фудбалери ќе тренираат во нивната база во Коверчано. Италија во понеделник ќе патува со авион на релација Фиренца – Сараево, а потоа со автобус до Зеница.

Нивниот ривал БиХ се надеваат на нов пласман на Светско првенство по учеството на Мундијалот во Бразил во 2014 година. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 1