Скопје
Бесплатни ехо-прегледи на дојки за девојки и жени од Карпош
Во насока на подобрување на женското здравје, Општина Карпош во соработка со ординацијата по гинекологија и акушерство ПЗУ „Св. Алексеј“ – Скопје, од следната среда организира бесплатни ехографски прегледи на дојки за жени до 45-годишна возраст.
Како што информираат од прес-службата на Општина Карпош, станува збор за проект кој финансиски го поддржува локалната самоуправа и се реализира преку Програмата за еднакви можности меѓу жените и мажите за 2026 година. Со оваа проектна активност, како што се наведува во соопштението, општината има за цел да ја подигне свеста за женското здравје, преку бесплатни превентивни прегледи кои ќе се одржуваат во ПЗУ „Св. Алексеј“, која функционира во рамки на ЈЗУ Поликлиника Букурешт (Карпош 3).
Заинтересираните карпошанки можат да го закажат бесплатниот медицински преглед и да добијат повеќе информации, почнувајќи од денеска на телефонскиот број 071 243 400.
-На пациентките кои ќе направат бесплатен ехографски преглед на дојка, ПЗУ „Св. Алексеј“ ќе им понуди и 15 отсто попуст за комплетен гинеколошки преглед. Инаку, Проектот се фокусира на едукација на женската популација за здравјето на дојките, промоција и рано откривање на болести како што е ракот на дојка. На овој начин се зајакнува заедницата преку стручна едукација, при што се поттикнува и акција за преземање на здравствени мерки и се актуелизираат дискусиите за свесноста на женското здравје, посочуваат од Општина Карпош
март 25, 2026

