Сервисни информации
Сообраќајот се одвива непречено, коловозите влажни на повеќе планински премини
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег и дожд, кои не се задржуваат на коловозот, се регистрирани на планинските премини Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Крушево.
Како што информираат од Јавното претпријатие „Македонијапат“, сите патни правци низ државата се проодни, а на одредени делници што минуваат низ усеци и клисури можно е појава на поситни одрони, поради што се апелира за зголемено внимание при возење.
Јавното претпријатие „Македонијапат“ ги повикува возачите да ја приспособат брзината кон условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Дежурните екипи на претпријатието се постојано на терен и работат на одржување на сите патни правци со цел нивна целосна проодност.
март 19, 2026

