Сервисни информации
Нивото на водата во Охридското Езеро 18 сантиметри над месечниот просек
Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,67 метри надморска височина или 18 сантиметри над просекот за март.
Водостојот на езерото е драстично подобар во споредба со минатата година кога во март нивото на водата во езерото беше повеќе од 30 сантиметри под месечниот просек или неколку сантиметри над дозволениот минимум.
Температурата на водата во езерото изнесува 7 Целзиусови степени или половина степен пониска од мартовскиот просек (7,6).
Добрата кондиција во која се наоѓа езерото, кога станува збор за водостојот, се должи на продолжениот период со интензивни врнежи што го зафатија регионот.
март 18, 2026

