Connect with us

Сервисни информации

Општина Тетово воведува петдневна забрана за паркирање на булевар поради градежни работи

Општина Тетово информира дека поради градежни работи ќе се забрани паркирање на возила на булевар во градот од сабота 14 март до среда 18 март.

Станува збор за делница од булеварот „Благоја Тоска“ од крстосницата со Браќа Миладинови кај текстилното училиште до крстосницата со булевар „Илинден“ и во насока на ОУ „Кирил и Методиј“.

-Општина Тетово ги известува граѓаните дека поради изведување работи на булеварот „Благоја Тоска“, од 14.03.2026 година (сабота) до 18.03.2026 година (среда) ќе биде забрането паркирањето на возила долж булеварот. Се молат граѓаните да го почитуваат ова известување и да не паркираат возила на оваа делница во наведениот период, со цел работите да се извршуваат непречено, се вели во соопштението на Општина Тетово.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4