Connect with us

Свет

Макрон: Конфликтот на Блискиот Исток нема да ѝ донесе олеснување на Русија во нејзината војна во Украина

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, на денешната заедничка прес-конференција во Париз со украинскиот колега Володимир Зеленски истакна дека конфликтот на Блискиот Исток нема да ѝ донесе олеснување на Русија во нејзината војна во Украина.

– Чудно да се види Русија како повикува на прекин на огнот на Блискиот Исток додека тврдоглаво одбива да го прифати во Украина – наведе Макрон.

Тој додаде и дека останува непоколебливата поддршката на Франција за Украина.

Зеленски ја коментира одлуката на САД за ублажување на санкциите врз руската нафта посочувајќи оти тоа нема да придонесе за мирот, туку само ќе ја направи Русија посилна.

Тој предупреди дека Украина се соочува со сè поакутен недостиг на ракети за противвоздушна одбрана.

Зеленски тврди дека земјите од Персискиот Залив за неколку дена употребиле толку ракети „Патриот“ колку што Киев добил од Вашингтон за четири години. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 4