Свет
Захарова ги обвини ОН за „стратешко молчење“ по нападот врз училиште во Иран
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го осуди, како што го нарече, „стратешкото молчење“ на Обединетите нации по американско-израелскиот напад врз основно училиште за девојчиња во Иран.
– Погледнете како светската заедница, вклучително и ОН, вешто успева да ја сврти главата дури и кога фактите буквално бодат во очи и ја погодуваат свеста. Но тоа може да се ‘задуши’ – изјави Захарова.
– Може да се пушти бел шум. Како што велеа во ЕУ? Потсетувам: ‘стратешка тишина’ – додаде таа.
Иранските власти тврдат дека САД и Израел на првиот ден од воената операција погодиле училиште во градот Минаб на југот на Иран, при што загинаа 168 деца. САД отворија истрага за случајот.
март 11, 2026

