Connect with us

Свет

Трамп на средбата со Нетанјаху инсистирал на продолжување на преговорите со Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека на денешната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху инсистирал да продолжат преговорите со Иран за нуклеарната програма на Техеран.

– Средбата беше многу добра, одличните односи меѓу нашите две земји продолжуваат. Ништо конкретно не беше постигнато, освен што инсистирав преговорите со Иран да продолжат за да се види дали може да се постигне договор, наведе Трамп.

Кабинетот на Нетанјаху пред состанокот соопшти дека израелскиот премиер сака тие разговори да вклучуваат и ограничувања на иранската програма за балистички ракети и поддршката на Техеран за екстремистички групи како што се Хамас и Хезболах.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4