Connect with us

Свет

Велика Британија ќе издвои 150 милиони фунти за ПУРЛ

Британскиот министер за одбрана Џон Хили денеска изјави дека Лондон ќе обезбеди 150 милиони фунти во рамките на иницијативата „Приоритетна листа за потребите на Украина“ (ПУРЛ) за снабдување на Киев со американско оружје.

– Со задоволство потврдувам дека Велика Британија обезбедува 150 милиони фунти во рамките на иницијативата ПУРЛ.

На Украина мора заедно да и обезбедиме противвоздушна одбрана, што ѝ е потребна како одговор на бруталниот напад на (Владимир) Путин, истакна Хили.

ПУРЛ стартуваше минатото лето, кога беше стопирана американската воена помош, со цел продолжи испораката на американско оружје во Украина.

Иницијативата им овозможува на сојузниците да финансираат купување на американски ПВО системи и друга воена опрема за Украина. Сојузниците веќе обезбедија над 4,5 милијарди долари во рамките на ПУРЛ.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4